Дома Трансфер зона „Ѓаволите“ одредиле цена за Погба: Ако некој ја плати ќе имаме нов светски рекорд?!

„Ѓаволите“ одредиле цена за Погба: Ако некој ја плати ќе имаме нов светски рекорд?!

pogba

Манчестер Јунајтед изненадувачки беше поразен од Дерби Каунти во Лига Купот, а после тој натпревар во таборот на „ѓаволите“ владее лоша атмосфера.

Мурињо и Погба не се во добри односи и тоа јасно после ситуација на тренингот утрово.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Поради таквата ситуација тешко дека во клубот можат да останат и двајцата, еден ќе мора да си замине. Мурињо во овој момент е поблиску и тој фаворит за отказ во Премиер лигата, но се шпекулира и дека клубот одредил цена за Погба.

Погба има уште три години од договорот со Јунајтед, а доколку некој сака да го доведе ќе мора да плати сума од 200 милиони фунти (224 милиони евра). Тоа значи дека доколку некој од клубовите кои покажуваа интерес за Французинот ја плати таа сума, тој ќе стане најплатениот фудбалер на сите времиња.

Францускиот играч за врска во последно време најмногу се поврзуваше со Јувентус, Пари Сен Жермен и Барселона.

Агентот на фудбалерот, Мино Раиола констатно добива прашања како: „Дали Погба ќе замине“, „дали е несреќен во Јунајтед“…Последниот одговор на Раиола гласеше: „Немам коментар“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја сака ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…