Јувентус пред неколку дена со победата над Наполи го освои италијанскиот Суперкуп.
Головите за „бјанконерите“ ги постигнаа Кристиано Роналдо и Алваро Мората, а на крајот за играч на натпреварот беше прогласен Португалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа оние кои го гледаа натпреварот ќе се сложат дека големи заслуги има и Војчех Шчесни кој имаше две првокласни одбрани во двата дела.
Интересно е што Шчесни немал прилика да го прослави првиот трофеј за Јувентус откако Пирло е на клупата. Додека неговите соиграчи славеле, полскиот голман морал да биде на допинг контрола.
„После натпреварот веднаш бев повикан во просторијата за антидопинг тест и немав време и прилика да прославам со соиграчите. Тоа е голема штета затоа што одлично се забавуваа“, изјави Шчесни.