Дома Останати Авто Мото „Шумахер ми беше како син, а Корина лаже девет години“

„Шумахер ми беше како син, а Корина лаже девет години“

Сопругата на Михаел Шумахер, Корина се соочува со притисок од јавноста затоа што не открива повеќе детали за здравствената состојба на нејзиниот сопруг.

Сега во јавноста се огласи поранешниот менаџер на Шумахер, Вили Вебер. Вебер долги години води битка за да добие информации за здравствената состојба, но засега не успева.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Повеќе од 100 пати се обидов да ја контактирам Корина, но не ми се јави. Го побарав и Жан Тод да го прашам дали треба да дојдам во болница, но ми кажа дека е премногу рано.

Ги барав следниот ден, но не ми се јави никој и лут сум поради тоа. Се обидоа да ме тргнат на страна и ми зборуваа дека е рано, а всушност сега е доцна.

Поминаа девет години, Корина ме лаже од првиот ден. Тешко ми е затоа што Михаел ми беше како син“, изјави Вебер.

Шумахер ќе потсетиме заработи тешка повреда на главата на 29. декември 2013 година и од тогаш за неговата здравствена состојба не се знае многу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …