Mихаел Шумахер е еден од најдобрите возачи во Формуал 1 и тој се уште се наоѓа на рехабилитација по несреќата која му се случи на скијањето во 2013 година.
Неговата состојба се држи во тајност и не се знае многу, ниту еден од најблиските на Шумахер јавно не кажал ништо за неговата состојба. „Газета дело Спорт“ денес пишува дека неврологот Ерик Риедерер во документарниот филм на францускиот „ТМЦ“ открива нешто за состојбата на Шуахер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Диши, буден е, срцето му е во нормален ритам…Веројатно може да седи и да направи мал чекор со нечија помош. Но, тоа веројатно ќе биде толку. Повредите кои ги доби се тешки. Се плашам дека ова е најдобрата состојба во која може да биде. Тој е во вегативна состојба. Буден е да, меѓутоа не реагира на разговор“, тврди Риедерер.
Ќе потсетиме, Шумахер беше на одмор на Алпите кога при скијањето падна и доживеа тешка повреда поради удар со главата во карпи. Животот му го спасила кацигата која ја носел, доколку бил без неа тешко дека ќе преживеел.