Членот на македонската фудбалска А репрезентација Бојан Миовски има важечки договор со шкотскиот клуб Абердин до 31 мај 2026 година и моментно според „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува 2,5 милиони евра.
Благодарение на неговиот одлични перформанси и голови сезонава во дресот на Абердин, со 16 голови во 38 настапи во шкотската Премиер лига. Истиот учинок на погодоци го имаше и ланската сезона во првенство, но од 37 настапи, или севкупно 44 голови во сите натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „fotmob.com“, пет европски клубови ги сакаат услугите на нашиот 24-годишен напаѓач.
Во трката за потписот на Миовски се шкотските гиганти Селтик и Ренџерс, потоа Саутемптон кој наскоро ќе игра против Лидс за враќање во Премиер лигата, холандскиот Феенорд и италијанската Болоња која следната сезона ќе игра во групите на Лигата на шампионите.
Од Абердин се свесни за ситуацијата и се очекува да побараат клупски рекорд кога ќе се оствари интересот за Македонецот со кого потпишаа четиригодишен договор за околу 500.000 фунти од МТК Будимпешта во 2022 година.
Понатаму, „ФотМоб“ пишува дека претпочитањето на напаѓачот е да се пресели во англиската Премиер лига, но и дека тој не би бил против идејата да игра во некоја од големите пет лиги во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Германија, Италија).