Лионел Меси ја освои „Златната топка“, а иако од прогласувањето на победникот поминаа неколку дена се уште во фудбалскиот свет се дискутира за изборот.
Многумина сметаат дека Меси не ја заслжи „Златната топка“, а со тоа се сложува и поранешниот одбранбен фудбалер на Баерн, Жером Боатенг. Тој смета дека неговиот поранешен соиграч требало да ја добие наградата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Жал ми е поради Левандовски, дефинитивно ја заслужи Златната топка. Ме потсетува на 2013 година кога Франк Рибери не ја доби наградата. Многу ми е жал. Што требаше уште Левандовски да направи? Да постигне гол од центар со ножички? Левандовски дефинитивно нема да падне во депресија, но за него ова е големо разочарување. Колку што го познавам само ќе го мотивира. Неговата статистика оваа сезона е неверојатна“, ијави фудбалерoт на Лион.