Големото финале е се поблиску до почетокот остана нешто помалку од два часа!
Реал Мадрид и Ливерпул на стадионот во Киев ќе истрчаат во 20:45 часот, а пред вечерашниот натпревар медиумите се потсетија што не смеат да направат играчите на два клуба за самите себе да не се проколнат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, постои непишано правило дека доколку еден од фудбалерите кој игра во финалето го допре пехарот – нема да го освои на крајот! Неодамна тоа го направи Димитри Паје и неговиот Марсеј загуби во финалето против Атлетико во Лигата на Европа, а таа фатална „грешка“ во минатото ја преавеа Џенаро Гатузо, Антоли Тимошчук…
Луис Гарсија кој во минатото го носеше дресот на Ливерпул откри дека во истата работа верувал и Фернандо Мориентес во 2005 година.
„Мориентес во соблекувалната ни кажа: Ве молам, не го допирајте пехарот, се уште не е наш“, се потсети Гарсија.
Останува да видиме дали фудбалерите на Реал и Ливерпул вечерва ќе бидат нетрпеливи.