Дома Фудбал Германија Што се случува со Баерн? Бохум им даде четири гола за едно полувреме!

Што се случува со Баерн? Бохум им даде четири гола за едно полувреме!

Неверојатно прво полувреме одигра тимот на Бохум и му даде дури четири гола на Баерн.

Не изгледаше дека ќе гледаме нешто неочекувано на стартот. Левандовски го отвори резултатот после само девет минути игра. Бохум до изедначување стигна во 14-тата преку Антви-Аџе.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Резултатот 1:1 беше актуелен се до 38-та минута. Од тој момент до крајот на првиот дел Бохум постигна уште три гола. Прво Локадиа зголеми на 2:1, две минути подоцна Гамбоа погодува за 3:1, а во 44-минута Холтман го постигнува четвртиот гол.

Не паметиме кога последен пат Баерн примил четири гола за едно полувреме, посебно во германското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, С…