Холандскиот репрезентативец Арјен Робен е фотографиран на еден од терените на кои тренира Баерн.
Робен после 10 години минатото лето го напушти Баерн, но и понатаму е слободен играч. Со оглед на тоа дека во јануари наполни 36 години се поставува прашањето дали одличното крило има намера да ја продолжи кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Работната етика кај Робен останала иста и ја одржува кондицијата, но германски „Билд“ тврди дека тоа не значи дека ќе се врати во фудбалот, туку Холанѓанецот сака само да биде во форма.
На навивачите на Баерн им беше необично да го видат Робен као тренира со клубот.
Посебно внимание овие фотографии привлекоа поради изјавата на Робен неодамна со која потврди дека Баерн имал обид да го врати.
Arjen Robben training at Säbener Straße today. The Bayern legend is not training for a return to professional football, but just wants to keep fit. [Bild] pic.twitter.com/lcPDZGRkiQ
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 12, 2020