Дома Македонски спорт Што освоија Македонците низ Европа оваа сезона?

Што освоија Македонците низ Европа оваа сезона?

Во викендот кој е зад завршија првенствата во поголемиот дел од Европа, па дојде ред и да погледнеме што освоија македонските фудбалери кои се дел од европските клубови.

Осум македонски фудбалери оваа сезона се израдуваа на освоен пехар и сите осум фудбалери се дел од репрезентацијата, со тоа што Давор Здравковски е капитен на репрезентацијата до 21 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крсте Велковски со својот Сарајево каде што е капитен освои двојна круна во Босна (куп и првенство).

Арјан Адеми кој е капитен на хрватски Динамо Загреб се радуваше само на титулата во првенството. Во купот Адеми и Динамо беа поразени од Ријека со 3:1. Победата на Ријека во финалето значеше поделбата на трофеите на Адеми со Дарко Велковски кој се израдува на освоениот куп.

Во Унгарија Македонците слично како и во Хрватска ги поделија трофеите. Стефан Спировски со Френцаврош стана шампион во првенството, додека Бобан Николов со МОЛ Види го освои Купот во оваа земја.

Стефан Ристовски во Португалија не се израдува на првенствена титула, но освои два купа. Спортинг го освои Лига Купот и Купот во Португалија.

Кире Марковски со Спаратак Трнава го освои купот во Словачка, а како што веќе споменавме младинскиот репрезентативец Давор Здравсковски со АЕЛ Лимасол се израдува на освоениот куп во Кипар.

Кога сме кај успехот на македонските фудбалери оваа сезона не смееме да го заборавиме и Иван Тричковски кој во Кипар не освои екипна титула со AЕК Ларанка , но беше избран за најдобар фудбалер во кипарското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…