Дома Актуелно Шпанците убедени: Реал нема да го исполни ветувањето кое му го даде на Модриќ

Шпанците убедени: Реал нема да го исполни ветувањето кое му го даде на Модриќ

modric

Според информациите на каталонски „Спорт“, Лука Модриќ се наоѓа на излезни врати од Реал Мадрид.

Хрватскиот играч за врска на стартот на новата сезона не е ниту сенка од играчот од пред неколку месеци.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„После големиот успех на Светското првенство и освојувањето на наградите од ФИФА и УЕФА започнаа бледите настапи, а тука се и неговите години (33)“, пишуваат Каталонците.

Новинарот на „Спорт“ пишува дека капитенот на Хрватска најверојатно ќе го напушти Реал.

Модриќ за само неколку месеци поминат пад од незаменлив играч кој не е на продажба, до еден од најсериозните кандидати за заминување од „Бернабеу“, се додава во текстот.

Ќе потсетиме, Интер ова лето му нудеше голем договор на Модриќ од 10 милиони евра по сезона, но Реал не дозволи да го изгуби Хрватот после заминувањето на Роналдо.

Реал тогаш на Модриќ му вети подобар договор.

„Реал тешко дека ќе му понуди подобар договор на играчот на кого договорот му истекува летото 2020 година и сега би можел поинаку да реагира на понудата на Интер“, пишува уште еден шпански медиум „Ел Конфидентиал“.

Модриќ оваа сезона одигра 16 натпревари за Реал и забележа три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Порака од Џерард: Клоп заслужува статуа!

Утре Ливерпул го игра натпреварот против Вулвс кој ќе биде последен на клупата за Јирген К…