Дома Фудбал Англија Шпанците тврдат: Неверојатна размена го носи Гризман на „Олд Трафорд“

Шпанците тврдат: Неверојатна размена го носи Гризман на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед повторно се вклучи во игра за доведување на напаѓачот на мадридски Атлетико, Антоан Гризман.

Барем така тврди шпански, Дон Балон, кој денес објави дека „Црвените Ѓаволи“ се подготвени за неверојатна размена за да дојдат до францускиот фудбал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Подготвени се како што се наведува, на Атлетико да го понудат Пол Погба, кој се повеќе се поврзува со заминување од клубот и лесно би можело да се случи да го напушти Јунатед.

Сепак, тврдењата на Дон Балон немаат некоја особена основа. Во Атлетико сосем сигурно не сакаат да издвојуваат голема сума за плата на овој фудбалер која изнесува дури 200.000 фунти неделно.

Гризман најави дека одлуката за иднината ќе се донесе по СП. Изминатите месеци се поврзува и со Барселона, а во последно време се споменува и како потенцијално засилување на Јувентус.

Французинот ја завршува својата четврта сезона со Атлетико за кој во 205 натпревари постигна 110 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер договори засилување од Франција

Интер постигнал договор со Ленс за доведување на играчот од средниот ред Анди Диуф за 20+5…