Aтлетико Мадрид минатата година ова време не можеше да размислува за ангажирање на играчи, но сега на големо работи на тоа.
Четата на Диего Симеоне доби забрана за трансфери во летото 2017 година и поради тоа не можеше да регистрира нови играчи, па така во текот на летото немаше засилувања на „Ванда Метрополитано“, но во јануари купуваа – пристигна Диего Коста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сезоната која е зад нас беше успешна за Атлетико, второ место на табелата во Примера и трофеј во Лигата на Европа, но управата сака да го подигне нивото на квалитет.
Поради таа цел ќе се обидат да се засилат во летниот преоден рок, а според пишувањата на бројните медиуми се наоѓа на чекор од завршување на одлична работа.
Имено, според извештаите од Франција фудбалерот на Монако, Фабињо се наоѓа на чекор од од трансфер во редовите на „јорганџиите“.
Бразилецот е еден од ретките кои се задржаа на стадионот „Луј II“ после страшната 2016/2017 сезона во која ја освоија Лига 1 и во која играа полуфинале во Лигата на шампионите.