Дома Трансфер зона Шпанците откриваат зошто Навас брани пред Куртоа

Шпанците откриваат зошто Навас брани пред Куртоа

Шпанските медиуми претставуваат во што е работата и не може да се каже дека нема логика.

Во овој момент едно од по актуелните прашања кога во прашање е тимот на Реал Мадрд е кој ќе брани следната сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Со враќањето на Зидан, Кејлор Навас доби прилика, но многумина веруваат дека тој нема да остане на „Бернабеу“ следната сезона.

Ако информациите на шпанските медиуми се точни Навас ќе биде тој ќе замине, а Куртоа ќе биде прв голман на Реал наредната сезона. Иако Англичаните пишуваат дека Куртоа може да заврши во Манчестер Јунајтед ако Де Геа замине изгледа од тоа нема да има ништо.

Наводно, Куртоа ќе остане во Реал и веќе му е соопштено да не се грижи и дека ќе биде прв голман наредната сезона.

Зошто тогаш Навас брани од доаѓањето на Зидан:

Во Реал сакаат во финишот од сезоната која е веќе изгубена да му ја дигнат цената на Костариканецот пред летниот преоден рок.

Навас не сака да биде резервен голман, иако Зидан со кого имаше одличен однос е повторно тука. Ако треба да биде резерва ќе побара да биде ставен на трансфер листата.

Доколку навистина се случи Навас да замине втор голман на тимот би станал синот на Зидан Лука, секако доколку Реал не доведе друг втор голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…