Дома Фудбал Лига на шампиони Шпански судија објасни зошто судијата не можел да гледа ВАР за голот на Манчестер Сити

Шпански судија објасни зошто судијата не можел да гледа ВАР за голот на Манчестер Сити

Големи реакции во јавноста има поради вчерашниот признат гол на Манчестер Сити против Реал Мадрид за изедначување.

Топката непосредно пред голот на Де Брујн го напушти теренот, па и Карло Анчелоти (тука) отворено изјави дека за него тој гол е нерегуларен. Сепак, за „Марка“ стручно мислење даде шпанскиот судија Итуралде Гонзалес кој објасни зошто ВАР не можел да се вклучи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според Гонзалес топката излегува надвор во акција претходно затоа што Камвига го вратил поседот, па ја изгубил и ВАР не може да реагира за акција од која не е постигнат гол.

„Да топката излезе во аут, но таа акција не се важеше затоа што Реал преку Камвинга го врати поседот, па ја изгуби топката. Тогаш Сити започна нова акција, поради тоа ВАР не можеше да се вклучи во проверката на голот. Друго ќе беше ако Камвинга не играше со топката и не ја прекинеше акцијата, тогаш судијата ќе можеше да гледа ВАР“, објасни Гонзалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…