Барселона вчера го доби натпреварот со Реал Сосиедад со резултат 2:1 во рамките од 19. коло во шпанската Ла Лига. Головите за Барселона ги постигнаа Жорди Алба и Де Јонг. Лесно можеше и Гризман да се запише во листата на стрелци, но Французинот имаше едно огромно промашување. Алба уфрли од левата страна, а Гризман промаши празен гол од само неколку метри. …