Дома Фудбал Податок за респект: Ињаки Вилијамс пет години не пропуштил натпревар за Билбао

Податок за респект: Ињаки Вилијамс пет години не пропуштил натпревар за Билбао

Атлетик Билбао денес одигра 0:0 против Селта Вига, а овој натпревар привлече внимание поради неверојатниот податок за Ињаки Вилијамс.

Имено, повремениот шпански репрезентативец последен пат натпревар за Билбао пропуштил во 2016 година и од тогаш одиграл 184 натпревари во низа. Ова е навистина нешто неверојатно и реткост во денешниот фудбал. Вилијамс во овие пет години ниту еднаш не бил суспендиран или повреден.

Како што споменавме ваквата ситуација е реткост во денешниот модерен фудбал, но во минатото имало такви случаи па Вилијамс се изедначи на третата пзоиција со Андони Зубизарета со најмногу натпревари во низа. Сепак треба да се потенцира дека Зубизарета беше голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…