Дома Фудбал И Зидан нема објаснување: Нешто чудно се случува со Азар

И Зидан нема објаснување: Нешто чудно се случува со Азар

Еден Азар одигра само 15 минути и повторно се повреди, а Зидан соопшти дека Белгиецот ќе паузира помеѓу четири и шест недели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За повредата на Азар се огласи и Зидан кој на оваа тема зборуваше на прес-конференција пред дуелот со Аталанта.

„Нешто чудно се случува со Азар. Во кариерата претходно беше повреден само неколку пати, а сега му се случува константно. Немам објаснување. Сите сакаме да му помогнеме. Ги молам навивачите за трпение бидејќи ќе го дочекаме вистинскиот Азар. Сите знаеме каков играч е. Се надевам дека наскоро повторно ќе биде со нас“, изјави Зидан.

Ќе потсетиме Реал Мадрид за Азар плати 160 милиони евра пред година ипол. Од период до денес Азар има повеќе повреди отколку постигнати голови и асистенции. Одигра само 36 натпревари, постигна четири гола и додаде седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на критиките: Кога нема да дадам голот, велат дека сум за во пензија

Кристијано Роналдо покажа голема самодоверба пред новинарите по двата гола во победата на …