Дома Фудбал Останато Шопингот на Барса во Лондон не помина како што очекуваа

Шопингот на Барса во Лондон не помина како што очекуваа

barcelona

Челзи одбил понуда од Барселона за бразлискиот фудбалер, Вилијан.

Како што пишува „Daily Mail“, каталонскиот гигант се обидел да го ангажира 29-годишниот крилен фудбалер. Барса понудила 50 милиони фунти за споменатиот играч, но таа понуда била одбиена.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Сините“ немаат намера за таа сума да го продадат одличниот Бразилец. Барса ќе мора да испрати многу поголема и попривлечна понуда, а тоа би можело да се случи следните денови. Агентите на овој играч веќе беа во Баселона на преговори. Тој е заинтересиран за трансфер на „Камп Ноу“, но за сега Челзи не се согласува да го продаде.

Вилијан веќе пет години го носи дресот на англискиот тим, а минатата сезона во 36 натпревари постигна шест гола и запиша осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …