Дома Останати Тенис Шок на Ролан Гарос: Шампионката елиминирана во првото коло!

Шок на Ролан Гарос: Шампионката елиминирана во првото коло!

Јелена Остапенко, актуелната шампионка на Ролан Гарос елиминирана е во првото коло на турнирот од Украинката, Катерина Козлова – 7:5, 6:3.

Остапенко, која е петта тенисерка во светот, неочекувано беше лиминирана во првото коло на Ролан Гарос и сега ја очекува голем пад на ВТА листата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако ова се очекуваше да бие лесен меч за шампионката, од самиот старт проблемите беа забележителни.

Козлова успеа прва да дојде до брејк (3:1), меѓутоа Јелена одговори во осмиот гејм, кога и го одзема сервисот на Украинката (4:4). До крајот на сетот видовме уште три брејка, од кои два беа од Козлова која сетот го доби со 7:5.

Во вториот сет од девет гејмови, видовме дури шест брејкови. Тенисерките се мачеа да освојат гејм на свој сервис и на крајот Козлова која е 66 тенисерка во светот успеа да дојде до најголемата победа во кариерата.

Козлова во наредното коло ќе игра против Викторија Азаренка или Катерина Синијакова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која силно одекна на Вимблдон: Алкараз сака многу девојки, затоа Синер ќе биде поголем.

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос во свој стил изнесе став за тоа кого го гледа како погол…