Дома Фудбал Репрезентации Шок за Хрватска: Далиќ без најдобриот стрелец на ЕП?!

Шок за Хрватска: Далиќ без најдобриот стрелец на ЕП?!

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ доби лоша вест пред Европското првенство ова лето.

Имено, Анте Будимир од редовите на Осасуна има фантастична сезона во која постигна 16 голови и е втор на листата најдобри стрелци во Ла Лига. Токму тој требаше да биде првиот напаѓач за Хрватите во Германија, сепак во натпреварот против Валенсија заработи тешка повреда.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Будимир доцна вечерта бил примен во болница и според информациите се здобил со скршеница на три ребра. Осасуна ја потврди повредата и тоа воопшто не се добри вести за Хрватска.

„По натпреварот Анте беше пренесен во болница. Тестовите покажаа дека претрпел сериозен удар во градниот кош. Се здобил со скршеница на три ребра. Прими лекови против болка и во вторник ќе му бидат направени дополнитени тесотви“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …