Со денешниот натпревар помеѓу Хрватска и Албанија започнува второто коло од групната фаза на Европското првенство, а пред овој дуел реакции предизвика изјавата на хрватскиот селектор, Златко Далиќ.
Далиќ на прес-конференцијата пред натпреварот се пожали дека неговата репрезентација нема доволно почит од јавноста и како пример ја даде репрезентацијата на Англија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Покрај Франција не знам која друга репрезентација прави добри резултати во континуитет. Хрватска заслужува поголема почит и тоа секогаш го велам. Англија има еден медал во 58 години и тој е златен, но ние сме храбри и боребни, доказ се нашите навивачи во Берлин“, изјави Далиќ,
Набрзо по неговата изјава се огласија од познатиот британски медиум „Гардијан“ порачувајќи му на Далиќ дека нивната репрезентација освен златниот медал во 1966 година има уште сребро од последното Европско првенстгво и бронза од Лигата на Нации во 2019 година.