Дома Фудбал Останато ШОК ЗА РИВЕР: Нивниот капитен не смее да допатува во Шпанија!?

ШОК ЗА РИВЕР: Нивниот капитен не смее да допатува во Шпанија!?

river

Реванш натпреварот во големото финале на Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока треба конечно да се одигра на 9-ти декември на „Сантијаго Бернабеу“.

Натпреварот на лутите ривалите требаше да се игра на 23-ти ноември на „Монументал“, но натпреварот беше одложен откако навивачите на Ривер го нападнаа автобусот со кој пристигнуваа фудбалерите на Бока. КОНМЕБОЛ потоа одлучи натпреварот да се игра надвор од Аргентина. На крајот беше избран „Бернабеу“ во Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Побарувачката за влезници е огромна организаторите добиле дури 150.000 барања. Ова сигурно ќе биде натпревар на годината. Ривер ќе биде ослабен што нема да игра на домашен терен, но за тоа се виновни нивните хулигани.

Сега пристигнуваат и нови лоши вести за овој аргентински клуб – капитенот Лео Понзио би можел да го пропушти овој натпревар. Тој поради повреда не играше во првиот натпревар, но сите во клубот очекуваа да биде големо засилување во реваншот.

Сепак, постои голема можност да не заигра и тоа поради бизарна причина. Тој е обвинет за местење натпревари додека го носеше дресот на Сарагоса. Во Шпанија се истражува натпреварот Сарагоса – Леванте, а во прв план е токму Понзио. Контроверзниот натпревар се одиграл во 2011 година и се сомнева дека Понзио бил еден од играчите кој земал голема сума на пари.

Поради тоа постои голема веројатност дека нема да допатува во Шпанија бидејќи би можел да биде уапсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…