Шпанските медиуми пренесуваат дека Фелисијано и Марк Лопез се под истрага дека наместиле меч на Вимблдон.
Весникот „Ел Конфендисијал’ повикувајќи се на извори од операцијата „Оикос“ која ги истражува корумпираните елементи во Ла Лига и Секнда дојде до документи кои истрагата ја прошируваат и во тенисот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер Карлос Аранда е еден од обвинетите во целата афера, а во снимените телефонски разговори кои се објавени се споменува мечот во двојки на Вимблдон во 2017 година.
Тогаш Фелисијано и Марк Лопез изгубија од Патрик Смит и Мет Рид со 3:6, 7:6, 6:2, 6:4. После изгубениот прв сет коефициентот на Рид и Смит забележа голем скок.
Интересно е дека ниту еден од споменатите тенисери не е обвинет за споменатиот меч и нема никакви идикации дека за загрозување на интегритетот на Тенисот. Фелисиајано исто така ден пред тој меч се повлече од меч во синг поради повреда.
„АС“ го коемнтираше Марк Лопез кој демантираше било каква вмешаност во местење натпревари.
„Немам што да кажам, мислам дека никој нема право да ги валка нашите имиња на таков начин“, порача Лопез.