Дома Останати Ракомет Шок во ракометниот свет: Никола Карабатиќ мора во пензија!?

Шок во ракометниот свет: Никола Карабатиќ мора во пензија!?

Неодамна Никола Карабатиќ потпиша нов договор со ПСЖ и тоа му овозможуваше да игра на највисоко ниво за идеален крај на кариерата, да настапи со Франција на Олимписките игри во Париз.

Сепак, според последните ифнромации таа негова желба изгледа нема да му се исполни поради сериозен здравсатвен проблем. Претходно беше објавено дека Карабатиќ сезоната ќе мора предвреме да ја заврши сезоната и се најавуваше дека ќе паузира околу три месеци.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Но, деталните прегледи покажаа дека ракометарот има многу посериозен проблем со вените. Француските медиуми објавија дека откриена му е болеста флебитис, воспаление на површинските вени на нозете и проади тоа мора целосно да мирува неодредено време.

Реткост е спортисти да заболат од оваа болест и затоа не постои прогноза која што може да каже за колку време Карабатиќ ќе се врати, но дел од јавноста во Франција тврди и дека ниту еден доктор не би му препорачал да се враќа на терените со таков вид на болест.

Засега не може со сигурност да се каже и времето ќе покаже дали Карабатиќ ќе мора предвреме да ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…