Токму на денот на почетокот на Вимблдон, првата фаворитка Арина Сабаленка се повлекува од турнирот поради повреда.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Втората тенисерка во светот важаше за најголем фаворит, но сега е принудена да се повлече од настапот во Лондон.
Откажувањето го потврди самата Белорусинка преку социјалните мрежи.
„Ми се крши срцето, но морам да ве известам дека се повлекувам од Вимблдон, се обидов да направам се, но моето рамо не ми дозволува. Се туркав до лимитот на тренинзите за да бидам подготвена, сепак докторите ми објаснија дека нема да можам да настапам“, објави Белорусинката.
Во оваа година Сабаленка го освои трофејот на Австралија Опен, додека на Ролан Гарос настапот го заврши во четвртфиналето каде што изгуби од младата Мира Андреева.