Дома Топ вести Шок во Париз: Мбапе го извести ПСЖ дека заминува

Шок во Париз: Мбапе го извести ПСЖ дека заминува

Запалени сите аларми во Париз, фудбалска Европа на нозе – Килијан Мбапе го известил раководството на ПСЖ дека заминува следното лето.

Ова е неочекувана изјава на Мбапе, го раздрма раководството на клубот кој очекуваше дека ѕвездата на ПСЖ ќе го продолжи договорот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Очигледно дека иднината на Мбапе ќе биде главна фудбалска тема следниот период, тој има договор со ПСЖ до 2022 година, но одбива да го продолжи и следното лето ќе влезе во последната година од договорот.

Мбапе веќе ја донел конечната одлука, па ПСЖ следното лето ќе мора да го продаде, а медиумите тврдат дека позади ваквата одлука на Французинот стои Реал Мадрид.

„Кралевите“ преку посредници веќе подолго време работат на трансферот и го убедиле да не става потпис на нов договор, па се очекува следното лето да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Напаѓачот се пресели во Париз од Монако во летото 2017 година, но прво на позајмица за 35 милиони евра, а следната година целосно беше откупен неговиот договор за додатни 150 милиони евра. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона спрема понуда за ѕвездата на Челзи

Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Челзи и аргентински репрезентативе…