Дома Останати Кошарка Евробаскет Шок во Истанбул: Ландсберг го уби Фенер во последната секунда (видео)

Шок во Истанбул: Ландсберг го уби Фенер во последната секунда (видео)

Во Истанбул се случи шок на стартот од 27-то коло од Евролигата. Десеткуваниот Макаби долго се спротивставуваше на фаворизираниот Фенербахче и на крајот од неизвесната завршница го нокаутираше актуелниот вицешампион на Европа во последната секунда со резултат од 79:81 (25:15, 16:23, 18:18, 20:25).

Силвен Ландсберг е човекот кој се погрижи за скалпот на фаворизираниот тим на Жељко Обрадовиќ и тоа така што во последната секунда од последниот напад, преку Никола Калиниќ, уфрли шут за два поени и победа за Макаби. Топката се „двоумеше“ некое време на обрачот, но на крајот влезе во мрежичката за триумф на „Гордоста на Израел“ среде Турција.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


После овој пораз, Фенербахче остана на четвртото место со две победи повеќе во однос на Баскониј, Панатинајкос и Црвена Ѕвезда, додека Макаби ја запиша десеттата победа во овогодинешното издание на Евролигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Tурскиот кошаркар не знаеше каде се наоѓа – погледнете како Дончиќ и Леброн си поигруваа со него (Видео)

Лос Анџелес Лејкерси синоќа ги совладаа Хјустон Рокетс, а домаќините славеа во Крипто.ком …