Дома Фудбал Шок во Бразил. Бранителот на титулата загуби од Аргентина, нема да оди на Олимпијада

Шок во Бразил. Бранителот на титулата загуби од Аргентина, нема да оди на Олимпијада

Репрезентацијата на БРАЗИЛ нема да ја брани титулата олимписки шампион летово во Париз.

Во решавачкиот натпревар од последното, 3. коло од финалната група на јужноамериканскиот квалификациски турнир што се игра во Венецуела, Бразил загуби со 0:1 од најголемиот ривал Аргентина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Единствениот гол за аргентинската репрезентација до 23 години, предводена од Хавиер Маскерано, го постигна Лучијано Гондо во 77. минута од натпреварот.

Аргентина го заврши натпреварувањето на второто место со пет бода, додека Бразил остана трет со три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанскиот гигант тргнува по младата ѕвезда на Лил

Фудбалскиот клуб Лил во последниве години е познат по афирмацијата на млади и талентирани …