Карлос Алкараз го загуби мечот од 2. коло на УС Опен.
Победникот на овој турнир од 2022 година беше поразен во три сета од Ботик ван де Зандшулп, 74. рангиран тенисер во светот. Беше 6:1, 7:5, 6:4 за Холанѓанецот по 2 часа и 21 минута од натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алкараз вака рано не се збогуваше со турнирот во најсилната категорија уште од Вимблдон во 2021 година, кога беше 75-ти тенисер на АТП-листата.
Во Њујорк, Алкараз, кој моментално се наоѓа на третото место во светот, бараше трета последователна Гренд слем титула, откако претходно ги освои Вимблдон и Ролан Гарос.