Во рамките од македонската прва лига денес се сретнаа екипите на Шкупи и Ренова, а на крајот бодовите остана во Чаир.
Сите голови на овој натпревар беа постигнати во второто полувреме, во првиот дел имаше по некоја прилика на двете страни, меѓутоа мрежите останаа недопрени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После 10 минути игра во вториот Атедуџи го доведе Шкупи во водство. Беше Шкупи подобриот тим на теренот и тоа го искористи и на 20 минути до крајот кога сигурен реализатор на најстрога казна беше Алварез.
До крајот Ренова успеа да постигне еден гол со кој го убалжи поразот, стрелец беше Мустафов. Ова беше дуел на двете првопласирани екипи на табелата па така чаирчани сега ќе имаат пет бода предност пред „гипсарите“, Шкупи има 26, Ренова 21.