Екипата Шкендија денес беше поразена на гости од Рига со 0:2 и така си создаде тешка мисија за продолжување на настапот на европска сцена.
Шкендија мора подобро на евросцената, вака не оди. Мура можеби беше фаворит, меѓутоа поразот од вкупно 0:6 беше премногу. На натпреварот во Скопје можеби тетовци имаа шанси, но таму апсолутно потфрлија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преселбата во Конференциска лига донесе натпревар против Рига, тим послабо рангиран од за Шкендија силната Мура. Но и тука на гости нападот потфрли, повторно немаше погодок, а како да се помине понатаму кога не може да се даде гол?
Во три натпревари на европска сцена Шкендија има гол разлика 0:8…ПРЕМНОГУ!
Останува реваншот во Скопје и се надеваме на нешто подобро, меѓутоа во реалноста тешко е затоа што не ни оставаат многу надеж тие осум примени и ниту еден даден гол во три меча.
По еден ваков настап на евросцената, некој треба да презаеме одговорност…