Eкипата на Шкендија остана непоразена во Стокхолм на гостувањето против АИК (1:1) и на домашен терен ќе ја има шансата за плеј-офот во Конференциската лига.




Тетовци успеаа да го изненадат фаворитот после 26 секунди со голто на Ферхан Хасани. АИК потоа создаде неколку добри прилики, но Костадин Захов на голто на Шкендија изведе неколку одлични одбрани.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Сепак не успеа да го одбрани ударот на искусниот Џон Гуидети за 1:1.




Во продолжение од натпреварот домаќините го имаа повеќе поседот, но и Шкендија знаеше да б иде опасна. За тоа доказ се и директните шутеви кон голот кои беа во корист на Шкендија 6:5.




Овој резултат секако и дава надеж на Шкендија дека дома пред својата публика ќе може да се избори за плеј-оф во Конференциската лига.