Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија пред елиминација: Рига со два гола предност доаѓа во Скопје

Шкендија пред елиминација: Рига со два гола предност доаѓа во Скопје

Шкендија денес го одигра натпреварот против летонска Рига во квалификациите од Конференциската лига и забележа нов пораз.

Откако тетовци претрпеа два порази од Мура со по 0:1 и 0:5 денес беа поразени од Рига на гостински терен со 2:0. Рига не доминираше, меѓутоа си ги искористи своите шанси, па за реваншот во Скопје си обезбеди солидна предност.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Весли го отвори резултат во 13. минута од првата посериозна шанса за домаќините, а конечните 2:0 ги постави Вакулко на почетокот од вториот дел.

Со оглед на тоа што Шкендија покажа во овие три европски натпревари и гол разликата од осум примени и ниту еден постигнат гол, јасно е дека во реваншот ги чека и тоа како тешка задача.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…