Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија по завршувањето на сезоната остана без тренер

Шкендија по завршувањето на сезоната остана без тренер

По завршувањето на сезоната во ПМФЛ оставка од клупата на Шкендија поднесе Ќатип Османи..

Османи е човекот кој во минатото ги донесе најголемите успеси на Шкендија. Во изјава за клупскиот сајт по денешниот натпревар против Работнички Османи се заблагодари и потврди дека си поднесува оставка.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Игравме со комбиниран тим и сепак мислам дека ја заслуживме победата. Мислам дека секогаш може подобро. Но, она што е поважно во овој момент е дека ова беше последен натпревар за мене како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Ја имав оваа година, почнувајќи од економистите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, раководството, јавноста, „Балистите“ и можеби уште поважно компанијата „Еколог“ која континуирано со години инвестира во овој тим за да изгради европски клуб“, изјави Османи.

Набрзо по изјавата на Османи, Шкендија потврди дека ја прифаќа оставката и во наредниот период ќе се фокусира на пронаоѓање на нов стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…