Македонските преставници Шкендија, Работнички и Пелистер, во четвртокот, започнаа со својот настап во квалификациите за Лига Европа.
По првите натпревари Шкендија и Работнички веќе можат да размислуваат за противниците во втората рунда, додека Пелистер по убедливиот пораз во Познањ тешко дека може да се надева во чудо.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шкендија, во Струмица, го пречека молдавскиот вицепрвак Дачија и победата ја најави уште во раната фаза на натпреварот. Најпрвин Ибраими погоди од пенал во седмата минута, а четири минути подоцна Радески ја зголеми предноста. Истиот играч со својот втор гол во 79.минута стави точка на натпреварот.
Работнички гостуваше во Сан Марио кај тимот на Тре Пене и отпорот на аутсајдерот го скрши во последната минута од мечот кога единствениот гол го постигна Митрев.
Полскиот Лех Познањ го пречека Пелистер и славеше со убедливи 4:0. Домаќинот во интервал од 28. до 38.минута постигна три гола, преку Нилесен од пенал, Ситум и Мајевски, а во 57.минута Ситум со својот втор гол го постави конечниот резултат.
Реванш натпреварите на програмата се за една недела.