Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија е фаворит, а Тотре порачува: Имаме квалитет за групна фаза!

Шкендија е фаворит, а Тотре порачува: Имаме квалитет за групна фаза!

Утре со почеток од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“, Шкендија ќе ги започне квалификациите за Конференциската лига, а противник ќе биде Хверфордвест од Велс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шкендија во овој дуел влегува како голем фаворит и на денешната прес-конференција свое видување на натпреварот даде тренерот Ардијан Нухиу.

„Можам да кажам дека сум задоволен од тимот кој ме дочека тука. Во клубот сум веќе 40 дена и сите добро се познаваме. Можам да кажам дека новајлиите се одлични засилувања, но им треба и време за адаптација. Околу составот ќе одлучам по вечерашниот последен тренинг“.

„Верувам во играчите, меѓутоа потребно е и време за успех. Оставам теренот и реузлтатите да зборуваат за мојата работ во Шкендија“, изјави стратегот на тетовци.

Заедно со Нухиу на прес-конференцијата присуствуваше и фудбалерот Енур Тотре кој по враќањето е еден од главните играчи.

„Во минатото кога претходно бев дел од Шкендија, за малку не се пласиравме во групната фаза. Овој тим на Шкендија има квалитет да оствари таков успех. Ќе одиме натпревар, по натпревар. На подготовките во Словенија одигравме четири натпревари и верувам дека ја постигнавме целта кога во прашање е воигрувањето“, смета Тотре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Рагник постави услови на челниците на Милан за да ја прифати понудата

Челниците на Милан Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ отпатуваа во Виена за да преговараа…