Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија го претстави играчот кој бил на радарот на Бенфика, Аталанта, Стоук и Вулверхемптон!

Шкендија го претстави играчот кој бил на радарот на Бенфика, Аталанта, Стоук и Вулверхемптон!

Шкендија денес го претстави петтото засилување зимава и тоа веројатно е најголемото. За актуелниот шампион на Македонија потпиша Ес Сахел кој е младински репреентативец на Франција во селекциите до 17 и 18 години.

Сахел ги помина лекарскте прегледи и стави потпис на договор со Шкендија до 2023 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Шкендија ме привлече поради титулите во првенството и купот, но играњето во плејофот во Лигата на Европа. Ова е најдобриот клуб во Македонија, одлично сум пречекан и се надевам дека ќе оставам белег. Мое е да ветам дека ќе дадам се од себе за црвено-црниот дрес“, изјаив Ес Сахел.

Инаку, во медиумите се шпекулираше дека за овој играч интерес покажале екипи како Бенфика, Аталанта, Вулверхемптон и Стоук. Ако навистина бил на радарот на овие екипи тогаш очекувањата од него во Тетово се големи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …