Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија бара итно имплементирање на ВАР системот

Шкендија бара итно имплементирање на ВАР системот

Македонскиот прволигаш Шкендија јавно истакна дека се залага за воведување на ВАР-систем на натпреварите од Првата фудбалска лига.

„Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти во судиската област во домашниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот. Овој чекор ќе обезбеди потранспарентно опкружување и ќе помогне да се спречат произволни грешки, со што ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на играта. Веруваме дека оваа акција ќе помогне да се подигне имиџот на фудбалот и ги замолуваме сите клубови да ни се придружат во оваа иницијатива за чиста и фер игра“, се вели во соопштението на ФК Шкендија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фудбалската федерација на Македонија пред шест дена најави употреба на ВАР системот во Првата лига со цел да не се дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…