Дома Фудбал Лига на шампиони Ширер: Не можам да поверувам што направи Бензема

Ширер: Не можам да поверувам што направи Бензема

Манчестер Сити и Реал Мадрид вчерао одиграа фантастичен натпревар во кој англискиот гигант на крајот славеше со 4:3.

Од редовите на Реал повторно во центарот на вниманието беше Карим Бензема кој постигна два гола. Посебно Бензема го привлече вниманието со неговиот втор гол и трет за Реал кога реализираше од пенал со паненка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Паненкатан а Бензема ја коментираше и англиската легенда Алан Ширер.

„Можам само да се насмевнам и да кажам – не можам да верувам што направи! Од една страна тоа е ароганција, но од друга страна мора да се признае дека станува збор за способност и храброст да се изведе нешто такво во толку важен момент. Бензема изгледа како да станува се подобар и подобар“, прокоментира Ширер.

Бензема сезонава е најдобриот стрелец во Лигата на шампионите со 14 постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливер…