Шиме Врсаљко минатото лето пристигна во Интер како големо засилување и замена за Кансело, но медиумите пренесуваат дека може да остане во Милано само една сезона.
Хрватскиот репрезентативец пристигна во Интер на едногодишна позајмица за 6,5 милиони евра, а „нероаѕурите“ имаат право да го откупат неговиот договор за додатни 17,5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Врсаљко не ги задоволи очекувањата во Милано и до сега само 10 пати беше во стартниот тим на Спалети.
Поради тоа од Интер процениле дека со парите кои се предвидени за негов откуп (17.5 милиони), можат да инвестираат во друг фудбалер.
Италијанските медиуми се прилично сигурни и тврдат дека „нероаѕурите“ на лето ќе го вратат Врсаљко во Атлетико Мадрид.