Дома Фудбал Шешко по натпреварот не ја коментираше одлуката на судиите: „На мене е да го поправам тоа“

Шешко по натпреварот не ја коментираше одлуката на судиите: „На мене е да го поправам тоа“

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид како гостин го совлада РБ Лајпциг со 1:0 и има минимална, но многу вредна предност пред реваншот.

Сепак, се можеше да биде поинаку доколку голот на напаѓачот на германскиот тим, Бенјамин Шешко беше признаен во третата минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голот беше поништен поради офсајд, а натпреварот го судеше најдобриот босански судијата Ирфан Пељто со помошниците Сенад Ибришимбеговиќ и Давор Беља.

Токму одлуката на ВАР собата да го поништи голот на словенечкиот напаѓач предизвика многу реакции во јавноста ширум Европа, па судењето на Пељто и неговиот помошник ќе биде главна тема во наредните денови.

Покрај поништениот гол, Шешко имаше уште една одлична можност, но голманот Лунин направи феноменална одбрана, па Словенецот не можеше да постигне гол против Реал.

Шешко на крајот од натпреварот даде коментар, а интересно e што не го прокоментира поништениот гол.

„Мораме да продолжиме да играме вака. Има уште реванш и мора подобро да ги искористиме укажаните можности“, изјави Шешко по натпреварот и додаде:

„Среќен сум што добивам можности, но морам да ја подобрам реализацијата, на мене е да ја подобрам и да ја направам подобра во следниот натпревар, верувам дека можеме да победиме во реваншот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерва четири натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите: Во фокусот дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид

Четири натпревари од УЕФА Лигата на шампионите се на распоред вечерва, распоредени во два …