Од Островот пристигнуваат вести дека менаџерот на Манчестер Сити е пред потпис на нов договор.
Според најновите информации на британските медиуми, Пеп Гвардиола се согласил да ја продолжи соработката со Манчестер Сити до 2021 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пеп со новиот договор би добил и поголема плата. Каталонецот во редовите на „граѓаните“ во овој момент добива плата од 16 милиони фунти, а со новиот договор би стигнал до 19.5 милиони фунти по сезона.
Сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Менсур е презадоволен од неговата работа и се претпоставува дека токму тој започнал иницијативата за нов договор на Пеп.
Официјалното соопштение од клубот по повод ова прашање би требало да следи кога Гвардиола ќе го освои својот прв трофеј со „граѓаните“.
Тоа би можело да се случи веќе во недела доколку Манчестер Сити го совлада Арсенал на „Вембли“ во финалето на Карабо купот.