Дома Фудбал Италија Шевченко: Убаво е да се види дека Милан се врати

Шевченко: Убаво е да се види дека Милан се врати

Украинската легенда Андреј Шевченко пред натпреварот помеѓу Милан и Наполи не штедеше пофалби на сметка на неговиот поранешен клуб.

Дербито на 27. коло во Серија А се игра денес од 20:45 часот на „Сан Сиро’“. Наполи му гостува на Милан со желба да го задржи чекорот со Аталанта и Рома во борбата за место во Лигата на шампионите.
Шевченко пред овој дуел зборуваше за „Газета дело спорт“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не сум изненаден од играта на Милан против Јунајтед, како ниту од она што го прават во Италија. Пиоли води тим преполн со одлични играчи. Дали можат да се изборат за четвртфинале? Екипата ми изгледа како цврсто да стои на земја и би кажал дека имаат добри шанси. Што и да се случи мора главите да им бидат кренати, затоа што убаво е да се види дека Милан се вратил“.

Посебни пофалби Шевченко имаше за неговиот поранешен соиграч Паоло Малдини кој има функција на технички директор во Милан.

„Паоло ми е како брат, а Милан е Милан. Паоло работи одлично, клубот има добар проект и тој носи резултат. Не се сомневав во нивната работа, знаев дека ќе дојде време кога ќе има резултати. Милан е одличен во првенството и неопходно е да се задржат големите амбиции“, изјави Шевченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…