Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Селекторот на Украина Андреј Шевченко денес одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар против Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шевченко очекува еден сериозен натпревр во кој порачува дека мораат да бидат максимално внимателни.
„Не чека еден сериозен натпревар во кој мораме да бидеме многу вниматалени. Македонија покажа дека е селекција со карактер и квалитет. Играат во 5-3-2 формација и имаат навистина добри контри. Во последните години имаат добри настапи и победи против репрезентации од евроспкиот крем“.
Атмосферата во нивната селекција не е нарушена по поразот од Холандија.
„Одигравме добар натпревар и атмосферата одлична, бевме блиску да извлечеме позитивен резултат. Ние имаме целосно разбирањ и ги знаеме наите цели, затоа нема потреба од некоја дополнителна мотивација. За овој дуел ќе мора да сме многу добро психички спремни“, изјави Шевченко.
Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра утре од 15:00 часот.