Легендарниот фудбалер на Реал, Хозе Мариа Гутиерез, кој се споменуваше како можен наследник на Зиадн на „Сантијаго Бернабе“, пронајде нова работа.
Имено, ако може да веруваме на турските новинари, Гути во следниот период ќе работи во тамошниот гигант Бешикташ, во кој и ја заврши својата богата кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гути во Бешикташ ќе добие прилика тренерски да се развие како помошник на Сенол Гунес, а и самиот Шпанец потврди дека се радува на тоа искуство.
„Имам многу да научам од Гунес, ако тој ме прифати. Среќен сум што ќе работам во Бешикташ, тоа е мојот дом“, изјави Гути.
За услугите на Гути, потсетуваме, претходно се распрашуваше шпанскиот прволигаш Леганес.