Иван Чупиќ денес го прослави 35. роденден и доби одлична честитка од неговиот соиграчи – убедлива победа против Еурофарм Пелистер.
Чупиќ секако беше празадоволен.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Убава честитка за мојот роденден, им благодарам на сите кои помогнаа да ја оствариме желбата која ја посакав пред натпреварот.
Одигравме навистина добар натпревар, водевме цело време, два-три пати беше и 10 разлика. Одбраната беше добра исто и нападот. Цела недела се спремавме за овој натпревар и на крајот се исплатеше. Сепак, ништо не е готово има уште да се игра“, изјави Чупи.
Вардар со овој триумф останува на врвот во македонското првенство и направи голем чекор кон 14. титула во домашното првенство.
Фото: Денис Дуковски