Tимот од Санк Петерзбург убедливо славеше во натпревар за – ИСТОРИЈА!
Во рамките од третото коло квалификации за Лигата на Европа, Зенит го победи Динамо Минск 8:1 после продолженија!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот натпревар Белорусите го добија со 4:0, но Зенит за 90 минути во вториот натпревар успеа да ја анулира предноста.
Поведоа Русите во 22 минута преку Пардес и тоа беше единствениот гол во првите 45 минута и изгледаше дека пред рускиот гигант е невозможна мисија.
Сепак во 66 минута Нобоа го постигнува вториот гол за домаќинот, но само шест минути подоцна се изгледаше невозможно за Зенит. Стрелецот на првиот гол Пардес во 72 минута доби втор жолт картон и беше исклучен.
Тоа не ги откажа избраниците на Сергеј Семак во 75 минута и 79 минута Џуба постигнува два гола и ја анулира предноста на Минск.
Се отиде во продолженија и тука не започна добро за домаќинот.
После девет минути игра Јахаја постигнува гол за Динамо и уште еднаш за Зенит изгледаше невозможно.
Но, не се предаваа.
Дриуси во 109-та минута постигнува гол за 5:1, за шест минути подоцна Артем Џуба да запише хет-трик и во момент во двомечот Зенит имаше предност од 6:5.
Тука не беше крај, во првата минута од продолжението Шветсов ги остава соиграчите од Динамо на цедило за во наредните 120 секунди Зенит да постигне уште два гола.
На два пати стрелец беше Словакот Роберт Мак, првиот пат од пенал, а вториот од игра.
Така беше поставен конечниот резултат на најлудиот натпревар во Лигата на Европа кој сме го виделе во последните десетина години.