Четвртото коло во Лигата на шампионите и натпреварите кои се играа вчера беа одлични за нас, Вардар го победи Флензбург во Скопје, а Никола Митревски имаше спектуларна одбрана против ПИК Сегед.
Немаше никакви дилеми, ЕХФ ја избра таа одбрана за најдобра во колото. Тешко дека и некој друг ќе изведе подобра одбрана во целата сезона. Она што вчера го направи Митревски ретко се гледа во ракометот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Малку недостасуваше и во изборот на најубави голови прв да биде Македонец. Стоилов со неговата „шрауба“ заврши на втората позиција зад голот на Лук Абало.