Германски „Скај“ објави дека дошло до голем пресврт во ситуацијата со Милан и Ралф Рагник човекот за кој се пишуваше дека ќе биде овластен за целата спортска политика во клубот.
„Скај“ пишува дека Рагник и „Елиот“ корпорацијата која го управува Милан имале само усмен договор и дека човекот кој го создаде моќниот Лајцпиг ја одбил понудата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Истиот извор додаде Милан по секоја цена ќе се обиде да го убеди Германецот да го промени мислењето, доколку Рагник остане на својот став сигурно ќе му зададе тежок удар на спортскиот директор Иван Газидис.
Газидис во обидот да го договори Раник направи вистински хаос и од клубот го избрка Звонимир Бобан, а се очекува наскоро да замине и Паоло Малдини.
Минатата сезона Рагник го водеше Лајпциг како тренер, додека сезонава ја има улогата на директор за спорт и развој. Ќе потсетиме, германскиот тим вчера се избори за четвртфинале во Лигата на шампионите.
? Se complica la negociación. ?
— ?? Calcio AC Milan. ?⚫ (@CalcioACMilan) March 11, 2020
Probablemente en el pasado, hubo un acuerdo general entre Rangnick y Elliott, pero por el momento Rangnick no parece estar dispuesto a aceptar la propuesta actual del Milan, es poco probable que se logre un posible acuerdo
? Sky Alemania. pic.twitter.com/VZS0cm0awJ